Една патничка на аеродромот во Киев, изглела од авионот за да се прошета по крилото. Внатре ѝ било многу топло, па решила да се разлади. По неколку минути таа се врати назад во кабината.
Работниците во аеродромот, кои во тој момент биле на пистата го снимиле невообичаениот настан. Подоцна се дознало дека жената е мајка на две деца и дека се враќале од одмор од Туриција, Анталија. Откако авионот слетал, на жената и било прежешко, па ја отворила вратата која е наменета за во случај на опасност, за да излезе надвор и да прошета низ крилото.
Woman went on a walk on the wing as she rushed to disembark plane pic.twitter.com/SRDIK4SktZ
— The Sun (@TheSun) September 2, 2020
„Таа излезе од вратата на средината на авионот, наместо да излезе од излезот наменет за патници. Ја отвори вратата која не беше дозволено да се отвора. Во тој момент нејзините деца го напуштиле авионот и стоеја покрај мене. И тие беа изненадени“, вели еден од очевидците.
Итната помош, полицијата и обезбедувањето на аеродромот, веднаш повикале полиција. Подоцна било утврдено дека жената не била под дејство на алкохол и дека навистина излегла само за да се разлади.