Големото невреме што ја зафати Грција предизвика големи материјални штети, а многу луѓе во паника бараа засолниште од надојдената вода низ улиците. Српските медиуми пишуваат дека била забележана мајка со бебе во рацете која се затекла низ градските улици кога се случило силното невреме.
Таа барала начин да се засолни од големите поплави. На социјалните мрежи се раширија и видеа од Грција. Медиумите пишуваат дека во невремето има и повредени лица. Најсилно било погодено подрачјето околу грчкиот полуостров Халкидики.
Силното невреме траело 20 минути, а медиумите пишуваат дека има и жртви. Настрадале седум туристи, а околу 100 лица се повредени.
Nikiti, in the upper part of #Halkidiki‘s Sithonia peninsula (2nd “leg”) reportedly has some of the worst damage & a report of people trapped in their hotels at Kalogria beach, which is just south of Nikiti. Report here (in Greek). https://t.co/SENVkxoIt3
— Nick Barnets (@NickBarnets) July 10, 2019