(Видео) Жена успешно приземјила авион без еден мотор

Жена пилот која безбедно го спуштила авионот на кој му експлодирал моторот над Филаделфија претходно стекнала големо искуство во американската морнарица.

Авионот на американската компанија Sautvest erlajns во вторникот на летот од Њујорк за Далас  принудно бил приземјен на аеродромот во Филаделфија откако му експлодирал левиот мотор, а делови од истиот оштетиле некои од прозорците, при што едно лице го загубило животот.

Тами Џо Шулц (56), откако експлодирал моторот, била присилена да го приемји авионот на меѓународниот аеродром во Филаделфија.

Како што се наведува, Шулц, која била една од првите жени пилоти во американската морнарица, ги известила контролорите на вооздушниот сообраќај дека авионот останал без еден дел и дека на пистата ќе им биде потребна амбулантна кола.

Повеќето од 144 патници во авионот по незгодата се пофалиле на социјалните мрежи, а официјалните лица изјавиле дека персоналот во авионот го направил она за кое бил истрениран наведувајќи дека претходно имале вакви слични вежби.

 

На сајтот „F-16.net“ се појавиле податоци за Шулц, жената за која е наведено дека сакала да оствари кариера во авијациајта уште од средношколските денови, но била одбиена затоа што ѝ било соопштено дека не примаат девојки.

Студирала медицина, но не ја изгубила желбата за летање, па се пријавила во морнаричките воздушни сили.

Таа била првата жена пилот на авион „F-18“ која станала инструктор пред да ја напушти морнарицата во 1993 година и да се приклучи на авиокомпанијата Sautvest erlajns.
.
Scroll to Top