(Видео) Ѕвоната одекнаа 76 пати на погребот на Стивен Хокинг

На приватниот погреб на светски познатиот научник Стивен Хокинг, присуствувале околу 500 луѓе.

Присутните се собрале околу англискиот Кембриџ, каде му оддале почест на Хокинг, кој почина на 14 март на 76 годишна возраст.

Меѓу присутните бил и актерот Еди Редмејн, кој го играл Хокинг во филмот „Теорија на се“, од 2014 година, а изјавил дека планира да го прочита извадокот од “Книгата на проповедникот”.

Ѕвоната во црквата во чест на Хокинг ќе оддекнат 76 пати, а говор ќе одржи и астрономот Мартин Рис и поранешен студент на Хокинг.

 

Scroll to Top