Виетнамка рециклирала користени кондоми и повторно ги продавала

Полицијата во Виетнам запленила 324.000 користени кондоми, кои биле рециклирани за да можат повторно да се продаваат. 32-годишната Виетнамка Пам Таи Тан Нгок платила работници кои имале задача да ги исчистат кондомите, а потоа да ги препакуваат за повторно да се продадат.

Операцијата се одвивала во еден магацин во една провинција на југот од земјата. Сопственичката Пам Таи Тан Нгок изнајмила погон во кој се рециклирале кондомите.

Таа е уапсена, а тврдела дека кондомите ги добивала еднаш месечно од непознато лице. Наводно кондомите прво ги чистела, потоа ги сушела и сортирала, пред повторно да ги продава како нови, пренесува локалниот медиум VN Eksplorer.

Кондомите биле одземени како доказ, но веднаш ќе бидат уништени, затоа што се сметаат за опасен медицински отпад. Владин претставник изјавил дека кондомите биле класификувани како медицински предмети, па затоа обвинетата би можела да се соочи со дополнителни прекршоци.

Засега не е познато колку кондоми биле продадени, но товарот кој полицијата го пронашла тежел 360 килограми. Локалните извештаи велат дека кондомите се продавале во хотели и на тезгите на пазарите, во близина на магацинот каде што се рециклирале.

Scroll to Top