Викенд хороскоп за 16 и 17 јуни

Овен 

Овој викенд ќе ви биде посветен на прошетки со пријателите и ноќните излегувања. Доколку сте слободни, голема е веројатноста да запознаете некоја нова личност во вашиот живот која ќе ви ги обземе мислите. Здравјето е добро, но време е да се вратите на тренинг.

Бик

Овој викенд поставете си нов предизвик – да почнете со вежбање, бидејќи летото дојде, а одморот се ближи. Едно романтично случување ќе ви го одбележи викендот и ќе ве направи весели и насмеани. Наредниот ден возвратете со уште поголема романтика, ништо нема да ве чини.

Близнаци

Можно е во текот на овие два дена да бидете расеани, па затоа не донесувајте важни одлуки, затоа што многу е веројатно дека подоцна ќе се каете. Обидете се повеќе да спиете, истоштеноста и заморот не ве водат никаде.

Рак

Овој виенд потрудете се да го подобрите вашиот опаднат социјален живот. Соберете храброст и повикајте ја на состанок личноста која ви се допаѓа. Или, наместо тоа, една вечер во дискотека со друштвото. Па можеби токму таа вечер ќе ви се насмевне среќата.

Лав

Не оценувајте ги луѓето според изгледот, бидејќи понекогаш изгледот е само површна работа. Потрудете се повеќе да го запознаете вашиот партнер, доколку сакате да се впуштите во сериозна врска. За оние кои не се во врска, овој викенд e поволен за запознавање на нова личност од спротивниот пол.

Девица

Сте прекинале неодамна со партнерот? Не очајувајте, веќе викендов ќе имате шанса да ја обновите вашата љубов. Но, добро размислете што навистина сакате, бидејќи наскоро ќе добиете понуда за состанок од една личност која ќе почне да ви се допаѓа.

Вага

Овој викенд нека ви биде викенд на релаксација и задоволства. Доколку извесен период сте биле на диета, денес дозволете си покалоричен оброк. Посетете некој салон за убавина и приуштете си некој третман за разубавување. Вечерите поминете ги гледајќи филмови со партнерот.

Скорпија

Овој викенд потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Присуствувајте на сите забавни настани и збогатете си го вашиот социјален живот. Некој од луѓето кои ќе ги запознаете овој викенд понатаму ќе стане многу важна личност во вашиот живот.

Стрелец

Почнете да го применувате она „Во здраво тело – здрав дух“ и ќе видите дека вашата линија ќе ја доведете до совршенство. Еве, на пример, почнете уште од викендов со оваа мисија. Малку вежби нема да ви штетат.

Јарец

Се чувствува некоја романтика во воздухот. Ова се вашите денови, дефинитивно! Викендов искористете го за некое кратко патување со партнерот, далеку од сите, во некое од идиличните места во нашата земја. Доколку не сте во врска, ќе имате можност повторно да бидете со поранешниот партнер, но добро размислете дали го сакате тоа.

Водолија

Доколку партнерот има желба што почесто да ве гледа, не му замерувајте, тој само се чувствува запоставено и потребно му е повеќе внимание. Почнете да распознавате кои пријатели ви се вистински, а кои не вредат за вашето внимание.

Риби

Размислете за некоја промена. Монотониот начин на живот полека ве прави депресивни. Вечерва, препорачливо ви е да излезете со пријателите, а утре максимално да се релаксирате и да ги наполните батериите за новата работна недела која ќе ви биде доста напорна.

Scroll to Top