Викенд хороскоп за 23 и 24 јуни

Овен 

Вашата одговорност и креативност ќе ве однесе ниво погоре на професионално поле. Но, време е да се остави работата на страна и да се ужива во викендот. Излезете со пријателите и поминете една луда вечер со нив. Па и малку алкохол не е на одмет.

Бик

Овој викенд потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Присуствувајте на сите забавни настани и збогатете си го вашиот социјален живот. Некои од луѓето кои ќе ги запознаете овој викенд понатаму ќе станат многу важни личности во вашиот живот.

Близнаци

Ве очекува викенд полн со изненадувања на љубовен план. Доколку сте сингл, имате можност да запознаете некоја нова, интересна личност. Доколку сте во врска, веројатно вашиот однос ќе достигне некое повисоко ниво. Што се однесува на пријателските односи, водете сметка колку се вашите пријатели искрени кон вас.

Рак

Викендов е совршен за патување. Додатен поттик нека ви биде топлото време и релаксирањето пред уште една напорна работна недела. Поведете некој пријател со вас и забавата е загарантирана. Со вашата атрактивност ќе успеете да шармирате многу луѓе.

Лав

Не очајувајте доколку ви се случи мала караница со партнерот. Со добар и мирен разговор може сѐ да се реши. За оние што не се во врска, во сабота навечер, бидете подготвени за еден повик од некоја личност што ви се допаѓа.

Девица

Дефинитивно ова се деновите кои ќе сакате да ги преспиете. Бројните напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашиот партнер нема да се потруди да ве расположи. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.

Вага

Поради вашето макотрпно работење, време е да се почестите со шопинг. Внимателно разгледајте ги продавниците, можеби ќе најдете одлично парче облека кое добро ќе ви прилега. Во недела вечер, излезете и релаксирајте се пред напорната работна недела.

Скорпија

Вложете ги парите во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе допринесе да се чувствувате поенергично. Во сабота, партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се со еден ден целосно посветен на него.

Стрелец

Во деновите кои ви претстојат можно е да се најдете во неколку ситуации кои нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, не очајувајте излезете со пријателите и доверете им се. Со добар разговор може да се реши сѐ. Не сте во врска? Овој викенд ќе ви биде полн погодок!

Јарец

Не секогаш љубезноста може да ви ги отвори вратите. Кажете го вашето мислење, покажете ги чувствата и бидете она што навистина сте, бидејќи само така овој викенд ќе ви помине во знакот на добрите случувања. За подобро расположение, негативните коментари сфаќајте ги како комлименти.

Водолија

Почнете да се однесувате добро кон вашите пријатели и кон сите во вашето опкружување, бидејќи многу лесно сите може да ви го свртат грбот. Научете некогаш и да ги премолчите вашите злонамерни коментари. Сабота е поволен ден за средба со пријателите.

Риби

Ситуацијата во вашиот љубовен живот сѐ повеќе ќе се подобрува, така што ќе немате причина за грижа. Што се однесува до пријателството, овој викенд обрнете повеќе внимание на проблемите и потребите на вашите пријатели. Во сабота ве очекува пријатно изненадување од личност која ви се допаѓа.

Scroll to Top