Вистинската приказна на Маврицио и Патриција Гучи: романтична љубов, која заврши со убиство и пропаст на модната династија

By

Филмот „Куќата Гучи“ на режисерот Ридли Скот раскажува за подемот и пропаста на модната династија и за тажната љубовна приказна за Патриција и Маврицио Гучи, која почна романтично, а заврши со убиство. Во филмот е опишана љубовта меѓу Патриција Реџини и нејзиниот сопруг Маврицио Гучи, но и семејството што го создаде модниот бренд „Гучи“ и убиството поради кое Патриција го доби прекарот Црната вдовица. Главните улоги ги играат Лејди Гага, Адам Драјвер, Ал Пачино, Селма Хајек, Џаред Лето и други.

МаВрицио и Патриција се венчаа 1972 година и имаа две ќерки. Постарата Алесандра е родена 1977 година, а помалата Алегра 1981 година. Парот се раздели 1985 година кога Маврицио ѝ рекол дека оди на службено патување во Фиренца, а следниот ден испратил пријател да ја извести Патриција дека нема да се врати и дека нивниот брак е завршен. Во 1990 година Маврицио почна љубовна врска со Паола Франки, пријателка од детството, која била и гостинка на неговата свадба со Патриција. Маврицио и Патриција официјално се разведоа 1994 година, а дизајнерот се согласи да ѝ плаќа на поранешната жена годишна алиментација од 1,47 милион долари. Патриција со спогодбата требаше да се откаже од Гучи како нејзино презиме.

Познатиот италијански дизајнер беше убиен на 27 март 1995 година од најмен платен убиец додека одеше кон својата канцеларија во Милано. Неговото убиство се случи една година по финализирањето на разводот со Патриција. Две години по неговата смрт, Патриција беше уапсена и обвинета дека ангажирала платен убиец да го убие Маврицио. Таа беше уапсена по анонимна дојава во полицијата во јануари 1997 година. Според обвинителите, Патриција имала мотив да го убие својот сопруг поради љубомора, но и за да го спречи да се ожени со својата партнерка затоа што тоа би ја намалило нејзината алиментација на 860.000 долари годишно.

Мажот што го уби Маврицио, Бенедето Серауло, бил сопственик на пицерија во долгови. Го ангажирала Патриција преку својата гатачка и блиска пријателка, Џузепина (Пина) Ауриема. Полицаец открил дека тројцата го извршиле злосторството кога снимил телефонски повик со сите нив, во кој им се претставил како платен убиец и ѝ се заканил на Патриција да го плати остатокот од парите што ги должи за убиството на Маврицио. Неколку сведоци на судењето исто така потврдија дека Патриција ги прашувала како да ангажира платен убиец. Друг доказ против Патриција е нејзиниот запис во дневникот на денот кога умрел Маврицио: „Парадеисос“, напишала таа, што на грчки значи рај.

„Мислам дека на Патриција ѝ пречеше што веќе не можеше да се нарекува Гучи“, рекла жена што сведочела против Црната вдовица.

За време на судењето, адвокатите на Патриција негираа дека таа наредила да биде убиен Маврицио. Тие тврдеа дека Пина уценувала. Патриција подоцна пред судот рекла дека убиството „вредело за секоја лира“.

„Патриција Реџини Мартинели во очите на Пина беше златна крава, која требаше да се молзе за пари“, рекле адвокатите на Патриција.

По петмесечно судење, Патриција, Пина и Бенедето беа осудени за убиство со умисла, а вдовицата на Гучи беше осудена на 29 години затвор.

Кога беше испратена во затворот „Сан Виторе“ во Милано, Патриција побара да ѝ се поништи пресудата бидејќи туморот на мозокот, од кој беше оперирана 1992 година, ја оштетил и ја направил неспособна да планира убиство. Апелацискиот суд во Милано ја потврди нејзината пресуда во 2000 година, но ѝ ја намали казната на 26 години.

Истата година Патриција се обидела да се обеси со чаршаф, но ја пронашле затворските чувари и ја однеле во болница. Во 2011 година таа можеше да побара да ја пуштат на условна слобода, но таа одби и реши да остане во затвор. „Никогаш во животот не сум работела, нема да почнам сега“, му рекла тогаш таа на својот адвокат. Подоцна, во 2014 година поднесе барање за условна слобода, а беше ослободена во октомври 2016 година по 18 години затвор.

Маврицио Гучи

Откога беше пуштена од затвор, Патриција почна да работи во „Боцарт“, фирма за накит во Милано, како консултант за дизајн. Во интервјуто за „Гардијан“, Патриција се пошегува дека нејзината облека е од „Зара“ зашто веќе не може да си дозволи од „Гучи“, а дека живее со мајка си, која тогаш имала 89 години. Патриција тогаш потврди дека не разговарала многу со ќерките Алесандра и Алегра додека била во затворот.

„Сега минуваме низ лошо време. Тие не ме разбираат и ми ја прекинаа финансиската поддршка. Немам ништо, а не ги запознав ниту моите два внука“, рекла таа.

Сепак, ќерките не ја прекинаа врската со Патриција целосно. Тие ја посетуваа додека беше во затворот, а беа и дел од кампањата за нејзино ослободување. Тие тврдеа дека Патриција „не управувала со своите ментални способности во времето на убиството“ по операцијата од тумор на мозокот. Алесандра и Алегра имаа 20, односно 16 години, кога мајка им беше уапсена за убиство. Тие се омажија додека Патриција беше во затворот и родија синови, а никогаш не се експонираа во јавноста по она што им се случи на родителите, па не се знае многу за нивниот приватен живот.

Алесандра и Алегра Гучи

 

Денес, се смета дека Алесандра и Алегра Гучи вредат 400 милиони долари, приближно исто толку што вредел татко им кога умрел. Тие добија контрола над имотот откога Патриција беше осудена за убиство. Во интервју за списанието Classic Boat во 2013 година Алегра откри дека таа и сестра ѝ го одржуваат духот на татко им преку неговите чамци.

„Татко ми би бил многу среќен да ги види чамците сега и како неговата филозофија за нив продолжува“, рече таа.

Во 2008 година Алесандра лансира сопствена линија луксузни чанти наречена AG Limited Editions. Три од чантите ги нарече по себе, по татко ѝ и по дедо ѝ.

Во 2013 година „Вумен веар дејли“ објави дека Алегра и Алесандра биле обвинети за даночно затајување бидејќи наводно не платиле данок од 4,5 милиони евра од 2004 до 2010 година. Тие беа ослободени од обвиненијата за даночно затајување врз основа на недоволни докази.

Ќе ви се допадне

anime streaming. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

watch anime online Naruto (Dub)

Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway Episode 5

JUJUTSU KAISEN (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 10

AnimeHeaven To Your Eternity