Витко тело без многу напор

Дебелината е проблем насекаде во светот како кај возрасната популација така и кај адолесцентите и децата. Прекумерната телесна тежина е ризик-фактор за разни болести, како: срцева болест, висок крвен притисок, остеоартритис, дијабетес и хормонални нарушувања.

Денеска на пазарот има голем број препарати кои нудат брзо и лесно постигнување на саканата тежина. Дел од нив се со глукоманан. Но што всушност е глукоманан?

Глукоманан е влакно што се раствора во вода, а се добива од коренот на јапонската билка Amorphalus Konjac, која со векови се користи во традиционалната јапонска медицина. Оваа билка е составена од единици на Д -маноза и на Д-гликоза во однос 1,6:1. Овој полисахарид во присуство на вода нараснува зголемувајќи го својот волумен до 200 пати во однос на почетниот. На тој начин глукомананот создава чувство на ситост и го продолжува времето до следниот оброк. Глукомананот го нормализира нивото на холестеролот.

Доколку се одлучите да користите препарат со глукоманан, внимавајте да внесувате доволно витамини и минерали преку исхраната за да не дојде до развој на некоја болест.

Scroll to Top