Владата во Летонија им дозволи на учениците да имаат час на отворено

By

Властите во Летонија донесоа одлука учениците да можат да следат настава на отворено. Во обласите каде што е забележано ниско ниво на зараза, децата ќе можат да имаат настава во природа.

Веќе во предградието на Валмеира, место во Северна Летонија, триесетина деца на возраст од 10 и 11 години имаа час по театар во природа. Учењето беше комбинирано со учење и на математика и спорт и рекреазција.

Учителките велат дека децата трчаат и учат како да ја пресметаат својата просечна брзина.

„Часовите на отворено се покажаа попродуктивни. Размислувам да ги оставам во мојот распоред и откако ќе помине пандемијата“, изјавила Андрига Лозда, наставничка по театар.

Владата ги охрабрува училиштата да држат настава под отворено небо, што се гледа како начин на справување со стресот по долги месеци учење од далечина.

„Учењето од далечина ги исцрпи сите, и наставниците и учениците и родителите. Од септември работев 14 часа на ден и се чувствувам прегорено“, вели наставничката Агија Карклина.

Надворешните класови се дозволени во областите каде што стапката е под 250 заразени на 100.000 жители. Во повеќе од половина од општините, вклучувајќи го и главниот град Рига, дозволено е само учење од далечина.

Ќе ви се допадне

AnimeTV famous anime tv shows: Watch One Punch Man Episode 7 (https://animetv.cc/m/nkQ/ep-7)

KissAnime tokyo ghoul kissanime: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 5 (https://kissanimeonline.com/m/ZN02/ep-5)