Владимир Путин е против истополовите бракови

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека во Русија нема да ги легализира истополовите бракови сè додека тој е на власт, пренесува порталот Seebiz.

„Додека сум претседател, тоа нема да се случи“, изјавил Путин за време на состанокот на кој се расправало за потенцијалните измени на Уставот, пренесуваат државните медиуми.

Јавното промовирање на хомосексуалноста е кривично дело во Русија, според законот кој Путин го потпишал во 2013 година. Путин како претседател и премиер е на власт веќе две децении, а моменталниот мандат му истекува во 2024 година.

Путин е најдолго на власт уште од времето на Џозеф Станил. Некои од уставните амандмани кои се разгледуваат би можело да му овозможат да ја задржи власта и по истекот на моменталниот мандат, како премиер со проширени овластувања, доживотен сенатор или челник на советодавнното Државно мнозинство.

 

 

Scroll to Top