Властите во Кина предупредуваат да не се увезува замрзната храна поради опасност од коронавирус

Властите во Пекинг апелираа до сите земји да го прекинат увозот на замрзната храна од државите кои се на удар на пандемијата на Ковид 19. Примероците од замрзната храна од странство во неколку наврати биле позитивни на смртоносниот вирус.

„Царината и локалните власти во неколку наврати откриле коронавирус во увезените замрзнати намирници“, велат од трговската управа на Пекинг, пренесува „Ројтерс“.

Надлежната служба во кинеската престолнина апелирала да се следи внимателно епидемиолошката ситуација и да се избегнува увозот на замрзнати морски плодови од Бразил, Индонезија и Русија.

Scroll to Top