Властите во Зимбабве дозволија лов на загрозени видови: Пандемијата им ја уништи туристичката сезона, па сега убиваат слонови

Властите во Зимбабве дозволија да се ловат загрозените видови, меѓу кои и словениците, пренесуваат светските медиуми. Во земјата наскоро ќе почнат да се продаваат правата за отстрел на 500 слонови годинава.

Како што потврдил портпаролот на агенцијата за заштита на националните паркови и дивите животни во Зимбабве, за „Си-ен-ен“, Тинаше Фараво, ваквата одлука била донесена поради падот на приходот од туризмот поради короната.

„Ние го јадеме она што ќе го убиеме. Имаме буџет од околу 25 милиони долари, кои делумно се полни преку спортски лов, а како што знаете, туристичката сезона во овој момент поради пандемијата е мртва“, изјавил тој.

Веста за отворената сезона на лов на слонови, следела по неколку недели откако африканскиот шумски слон го добил своето место на неславната листа на критично загрозени животни, додека африканскиот слон од савана, на листата на загрозени.

Симисо Млев, портпаролот од Центарот за управување со прирорни ресурси, групата за заштита на животна средина и човекови права, ја нарече ваквата одлука срамна.

„Силно го осудуваме ловот на трофеи, пракса која ја уништува природната средина и буди конфликт меѓу луѓето и дивите животни“, изјавил Млев и додал дека одлуката да се дозволи лов на слонови не е донесена од грижа за заштита на животната средина туку од алчност.

Зимбабве не е единствената земја која дозволи лов на слонови. Во декември минатата година и властите во Намибија се огласија дека се продаваат права за отстрел на 170 слонови поради сушата и растот на популацијата на овие животни.

 

 

Scroll to Top