Во Австралија откриен корален гребен повисок од Ајфеловата кула

Во северниот дел на Големиот Корален Гребен во Австралија е откриен нов огромен корален гребен, повисок од Алфеловата кула, објавија научниците. Гребенот е висок околу 500 метри, а широк е 1,5 километар и ова е прво такво откритие во последните 120 години.

Научниците во моментот прават 3Д-мапирање на морското дно во таа област и го истражуваат гребенот со подводен робот.

„Откривањето на високиот гребен во пределот на Големиот Корален Гребен покажува колку е мистериозен светот надвор од нашето крајбрежје. Повеќе знаеме за површината на Месечината отколку за тоа што лежи во морските длабочини“, изјави Јотика Вирмани, извршниот директор на Океанскиот институт „Шмит“, непрофитна група што го спроведува истражувањето.

Големиот Корален Гребен е најдолгиот корален гребен на светот. Се протега на 2.300 километри и е дом на повеќе од 1.500 видови риби, 411 видови тврди корали и на десетици други видови.

3Д-мапирање на морското дно

 

Scroll to Top