Во Австралија живеат под земја поради високите температури

Кубер Пиди е рударско гратче што се наоѓа во пустина во Јужна Австралија, каде што температурите во текот на летото достигнуваат 50 степени Целзиусови. Дожд речиси никогаш не паѓа, па поради тоа поголемиот дел од населението живее под земја.

Во градот живеат околу 3.500 жители, повеќето вработени во блискиот рудник. Подземни станови, уметнички галерии, кафулиња, цркви и други објекти се опремени со сите важни елементи, струја, вода и интернет, но им недостига сончева светлина.

Жителите излегуваат на површината само поради храна бидејќи двете продавници за мешана стока се наоѓаат над земјата. Поради својот необичен начин на живот, Кубер Пиди стана лесно достапна туристичка атракција, а ја посетуваат луѓе од целиот свет.

Локалните жители знаат да го искористат тоа и за ноќевање во подземните соби на хотелот „Дезерт кејв“ наплаќаат по околу 100 евра по лице.

 

Scroll to Top