Во Босна убиена една од најдолгите змии во Европа

Змија долга 160 сантиметри е убиена неодамна во Босна и Херцеговина, а се претпоставува дека станува збор за најдолгиот рептил во Европа.

Ако се суди според фотографијата што ја објавил порталот Bljesak.info, станува збор за змијата кравосас. Кравосас е неотровна и најдолга змија во Европа.

 

Овој вид може да порасне и преку два метра, но просечната должина на примерокот е околу 150 сантиметри.

Во Босна оваа година веќе е забележано каснување од змија отровница, а лекарите ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни во моментите на престој во природа. Исто така, се наведува дека се обезбедени доволно количини противотров.

 

Scroll to Top