(Видео) Во Бразил се урна зграда полна со бездомници

Најмалку 49 лица се водат како исчезнати по пожарот што избил кога се урна една зграда во центарот во Сао Пауло во Бразил, соопштила противпожарната служба.

Станува збор за напуштена зграда во која се вселени 90-ина семејни бездомници.

Социјалните служби во засолништата сместиле 248 луѓе што живееле во таа зграда, а повеќе од 40 се водат како исчезнати.

Спасувачките екипи со обучени кучиња пребаруваат низ урнатините од кои се крева дим барајќи ги преживеаните.

Бездомниците ја окупирале зградата пред седум години, а во долните десет катови живееле речиси 150 луѓе.

Scroll to Top