Во Британија се продава замок од 13 век

Замокот Лим од 13 век, кој се наоѓа во областа Хајт во Кент, Британија, е ставен на продажба. Овој дворец, кој изминативе дваесет години се користел за свадби и организирање настани, се нуди за 11 милиони фунти.

Освен што бил живеалиште на британското благородништво, се користел и како воен објект, па во текот на Втората светска војна оттука се набљудувале нацистичките ракети кои Британците се обидувале да ги соборат.

По војната замокот го купил Хенри Бихам, кој доградил кула. Сегашниот сопственик, Роберт Тајлор, го купил замокот во 2011 година.

Дворецот има поглед на Ламанш. Низ годините го посетувале бројни познати личности, премиери и музичари. Пол Макартни со својот бенд Wings тука сними дел од албумот Back To The Egg.

Scroll to Top