Во Германија забележан рекорден број на заразени со корона, од ЕУ направија карта со земји со најголем број заболени

Во Германија втор ден по ред бил забележан рекорден дневен број на новозаразени со коронавирус. Вкупно ги има 7334 заболени од Ковид 19, а 24 се почиати, соопштиле од Институтот „Роберт Кох“.

Ова е првпат од почетокот на пандемијата, нројот на нови случаи во еден ден да надмине 7000. Во Германија во четвртокот биле потврдени рекордни 6638 нови инфекции, а претходниот рекорд од 6294 на новозаразени е забележан на 28. март.

Во Германија во четвртокот и петокот починале 24 лица, пренесува „Ројтерс“. Според европските стандарди, Германија досега имала релативно ниска стапка на инфекција и смртност во текот на пандемијата, но новите дневни случаи скокланел во последните неколку недели.

Канцеларката Ангела Меркел предупреди дека ако се продолжи со моменталниот тренд, бројката на нови инфекцц би можела да порасне и до 19200 за еден ден.

Меркел и премиерите на 16 покраини договориле во средата поостри мерки, кои подразбираат задолжително носење на маски и затворање на баровите и областите во кои е забележано ширење на заразата, а од 8. ноември се забелеажни нови правила за влез од странски ризични подрачја.

Европската унија објави и корона карта во која седумнаесет од 27 земји вклучително и Велика британија се наоѓаат во црвената зона. Од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, велат дека во земјите од црвената зона ќе се ограничи правото на движење.

На таа карта само три земји од Унијата, Норвешка, Финска и Грција, се во делот на зелената боја, додека пет земји, Италија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија, се во портокаловиот дел.

Пет земји, Германија, Австрија, Шведска, Данска и Исланд не се обележани со боја поради недоволно податоци за тестирањето. Според препораките, спротивно од оние кои доаѓат од зелената зона, патниците во портокаловата и црвената или сите зони, можат да им бидат одредени ограничувања на движење, пренесува „Дневен аваз“.

Вкупно 16 земји од Европската унија, меѓу кои и Франција, Шпанија, Полска и Велика Британија, се обележани со црвена боја.

За да регионот биле квалификуван во зелено, ќе мора да има помалку од 25 нови случаи на 100.000 жители во текот на последните две недели и помалку од 4% на позитивно третирани.

Регионите во црвениот дел, се кога бројот на нви случаи во последните две недели е повисок од 50 и кога процентот на позитивни е повисок од 4%, или кога новите случаи ќе ја надминат бројката од 150.

Во портокаловата категорија се два случаи, региони со помалку од 50 случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивни да е повисок од 4% или да е меѓу 25 и 150 случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивни тестирани да е понизок од 4%.

Scroll to Top