Салина Штејнфелд (86) е избрана за мис на холокаустот 2021 година во Израел. Неколку стотини кандидатки се пријавиле, од кои само десет продолжиле во финалето. Подоцна, преку онлајн-гласање гледачите ја избрале победничката.
Организаторот Yad Ezer L’Haver, односно „Рака за помош“, соопшти дека целта на ова невообичаено натпреварување за убавина е да ги развесели херојките што го преживеале холокаустот. Тие додаваат дека учесничките цел ден уживале во услугите на професионачните шминкери, фризери и стилисти.
Таа е родена 1935 година во романскиот град Иаси, каде што живеела со родителите, браќата и бабата сè додека нацистите не го зазеле градот во 1941 година. Во 1948 година се преселила во Израел, каде што се омажила и родила три деца. Денес има седум внуци и 21 правнук.
„Тоа е мојата лична победа над нацистите“, изјави Штејнелд по победата на изборот Miss Holocaust Survivor.
Таа и покрај својата старост, еднаш неделно ги посетува старите и немоќни лица. Се проценува дека во моментот во израелските старски домови живеат речиси 175.000 лица што го искусиле холокаустот во Втората светска војна.
„Мораме да бидеме силни, да се грижиме за себе и за она најважното – меѓусебно да си помагаме. Помогнете им на оние на кои помошта им е потребна“, изјави Штејнфилд.