Во Јапонија се чистат патишта натрупани и со 30 метри снег

By

Јапонците не дозволуваат ни „ситница“, како што е триесетина метри снег, да им ја попречува работата.

Планината Татејама, висока околу 3.000 метри, не е популарна само поради висината. Таа е едно од најпопуларните излетнички места на светот, и тоа само поради снегот.

Верувале или не, илјадници луѓе секоја година плаќаат голема сума пари и патуваат со часови само за да ги видат снежните тунели на планината. Планинскиот синџир Хида, во средна Јапонија, бележи и до 38 метри снег на годишно ниво.

За сето тоа заслужен е студениот сибирски воздух кој преку Камчатка се спушта кон Јапонија и попатно собира огромна количина влага од околните мориња.

Еднаш кога ќе се сретнат со јапонскиот планински синџир, паѓа снег во речиси незамисливи количини. Популарно одморалиште се изворите со термална вода Сикаи Онсен, кои се наоѓаат токму на тие планини и поради кои гостите може цела година да го посетат ова одморалиште.

„Некој и тоа мора да го работи“, изјави Такума Игараши, возач на снежно моторно возило, за порталот Atlas Obscura, кога минатата година фотографијата од исчистениот пат воодушеви голем број луѓе.

Тој веќе дваесет години го чисти снегот секоја зима, а повремено мора цела ноќ да работи за патот да биде чист во 6 часот наутро кога првите работници одат на работа.

Патот до Кукаи Онсена популарно се нарекува Снежен кањон поради триесетина метри високиот нанос снег.

Освен луѓето, за чистиот пат најодговорни се компресорите за снег. HTR608, производ од „Ничија“, има мотор од 608 коњски сили и може да исфрли снег до 15 метри висина за патеката да  биде исчистена. Но, пред тој да почне со работа, мора и другите  да си го одработат својот дел од работата.

Кога ќе паднат по неколку метри снег и кога од патот нема да се гледа ни најмала трага, првин треба да се открие каде се наоѓа патот.

Булдожерот опремен со ГПС првин прави груб нацрт на патеката, под неколку метри снег, а потоа екипата со булдожерот тргнува со чистење.

Дури на крајот, кога ќе останат околу 3 метри снег, HTR608 почнува со работа.

Ќе ви се допадне