Во кои држави се живее најубаво?

Соединетите Американски Држави и Русија паднаа на листата на земји со најдобра репутација во истражувањето што го направи невладината организација Reputation Institute за 2017 година.

Студијата е спроведена меѓу 38.000 луѓе во осум најбогати земји на светот – САД, Јапонија, Канада, Германија, Франција, Италија, Велика Британија и Русија. Тие процениле 55 земји со најголем БДП.

Се проценувале економската состојба, животниот стандард, екологијата и квалитетот на владата.

Влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа довело до тоа САД да паднат за 11 места на листата. За 2017 година САД го зазедоа 38. место, пред Мексико, а зад нив била Венецуела.

За падот на САД на листата придонесе реториката на Трамп дека ќе гради ѕид кон границата со Мексико. Од друга страна, симпатиите кон Мексико растат.

Русија е вториот голем губитник по САД. Многумина не ѝ веруваат на Москва поради приказните за наводното мешање на Русија во изборите во САД, како и во европските избори. Русија е на 51. место, а истовремено Русите не се доволно почитувани затоа што 81 отсто од испитаниците веруваат дека тие се светска сила.

За разлика од губитниците, Кина напредува на скалата, затоа што се труди да ги подобри работита, да развива заштита на животната средина, робата и услугите. Пекинг и понатаму е слаб во поглед на транспарентноста и етиката. Тие во 2017 година, го завземаа 47 место.

Каната е држава која во 2017 година, заработила најмногу почит. Австралија и Нов Зеланд се на четвртото и петтото место, а потоа следи Норвешка.

Најдобро позиционирани земји од Централна и Источна Европа се Чешка (21) и Полска (24). Перу и Чиле се најценетите земји од Латинска Америка, додека Јужна Африка е на 36 место во Африка.

 

Scroll to Top