Во Македонија температури до -15 степени

Под влијание на значително постудена воздушна маса која веќе се спушта од север, следните денови ќе имаме значително пониски температури на воздухот. Особено студено ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот насекаде ќе се спуштат под нулата, а на планините и скијачките центри и до -15 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и без врнежи. Сепак, денес попладне и навечер постојат услови за слаб локален снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, на места со брзина и над 80 км на час.

Минималните температури на воздухот во следните денови ќе се спуштаат во интервал од -10 до -2 степени, додека на планините е можно да се спуштат и под -15 степени.

Максималните дневни температури на воздухот во следните неколку дена ќе се движат во интервал од 0 до 7 степени.

Scroll to Top