Во Њујорк лица постари од 21 година ќе можат легално да одгледуваат марихуана

Властите на Њујорк постигнаа договор за целосна легализација на марихуаната, откако неколку пати претходно нивното барање беше одбиено. Со ова Њујорк ќе стане 15. сојузна држава во САД што ја одобрила рекреативната употреба на марихуаната.

Со предложениот закон ќе се овозможи контролирана продажба на марихуаната, а на секој њујорчанец постар од 21 година ќе му биде дозволено да ја одгледува во домашни услови. Законот предвидува милиони долари што ќе се собираат од даноците од продажбата на марихуаната да се вложуваат во развојот на маргинализирани заедници.

Анкета спроведена во почетокот на месецот покажа дека 60% од жителите на Њујорк ја поддржуваат легализацијата.

Се очекува законот да биде усвоен следната недела, но може да помине и цела година пред да стапи на сила.

 

Scroll to Top