Во „Њујорк тајмс“ прочитала дека сопругот ја изневерувал

Американката Никита Морено преку веснкот „Њујорк тајмс“ дознала за неверството на својот сопруг Роб. Тој за венчавката со новата девојка Лорен претходно ги известил медиумите.

Никита во весникот прочитала дека тоа била негова прва венчавка, а дека врската со Лорен ја почнал во јануари 2017 година.

„Според тоа што е напишано во „Њујорк тајмс“, излегува дека тој мене ме изневерувал. Ние во јануари бевме во брак. Се разделивме на крајот на март истата година, а службено се разведовме во јануари 2018 година“, изјавила Никита.

Роб вели дека со Лорен се запознале во сала за вежбање, а го освоила затоа што била една од ретките жени што можеле да креваат тегови.

„Ова е најсмислената и најдлабока врска што некогаш сум ја имал. Сакам да го поминам остатокот од мојот живот со неа“, било напишано во објавата во „Њујорк тајмс“.

Во интервју за медиумите Никита објаснила дека за Роб се омажила пред пет години, а големата венчавка ја планирале во 2017 година.

Без никакво објаснување, нејзиниот поранешен сопруг ја оставил сама. Таа се посомневала дека станува збор за друга девојка, но додека биле заедно, тој никогаш не признал дека ја изневерува.

„Никита и јас се разделивме. Имавме пријателски развод. Сега сум изненаден затоа што дојде до вакви проблеми. Јас сум среќен со моето семејство, а на Никита ѝ посакувам сè најдобро“, изјавил Роб за Си-ен-ен.

Scroll to Top