Во овој бар, жените добиваат 25% попуст, ако кажат дека се во период на месечен циклус

Во еден бар во Тел Авив сопственикот дошол до оригинална идеја, да даде попуст од 25% за секоја жена која ќе каже дека има месечен циклус.

Моран Барир и Дана Етгар кој ја покренале иницијативата, велат дека жените кои имаат месечен циклус во периодот од околу 20 години, заслужуваат барем толкав попуст за една вечер.

„Целата идеја на попустот, е да се посвети малку внимание, да се почестат некако, да се каже дека сме свесни за ваквата специјална ситуација во која се наоѓаат, и на некој начин да направиме услуга“, вели барир за медиумите.

„Седев во еден бар и нарачав вино. Барменот не можеше да се сети дали побарав црно или бело, па едноставно му реков: Вака ќе запамтиш – Јас имам циклус, па донеси ми црвено“, изјави Барир.

Scroll to Top