Во Полска пронајдени стотици отпечатоци од диносауруси

Во Полска се пронајдени стотици добро сочувани отпечатоци од диносауруси, што дури може да се види и отпечаток од лушпеста кожа. Фосилизирани траги и коски се пронајдени во отворен рудник за глина во Борковице, 130 километри јужно од Варшава. Полскиот институт за геолошки истражувања соопшти дека откритието е вредно, пренесува Ројтерс.

Најголемиот пронајден отпечаток е долг 40 сантиметри, кои според научниците, најверојатно му припаѓа на месојадниот диносаурус. Отпечатокот на кожата, во многу случаи, може детално да се види.

Генолозите велат дека ова дава увид во сложениот еколошки систем кој постоел пред околу 200 милиони години.

„Во отпечатоците што ги оставиле диносаурусите, можете да го прочитате нивното однесување и навик. Имаме отпечатоци од диносауруси кои трчаат, пливаат, одмараат или стојат“, вели геологот Гжегож Ниџведски

Меѓу стотиците траги од диносауруси кои ги пронајдоа научниците се наоѓаат најмалку седум видови. Но веруваат дека ќе најдат траги и од други древни животни, откако веќе откриле делови и од животински и рибини коски.

 

Scroll to Top