Во пожар во затвор во Венецуела настрадале 68 луѓе

За време на бунт во полициска станица и затвор во Венецуела настанал пожар во кој загинале 68 луѓе.

Пожарот наводно пламнал откако затворениците ги запалиле душеците во обид да побегнат.

Полицијата со солзавец ги растерала луѓето кои ја опкружиле станицата по вестите за избувнување на пожарот.

Роднините на затворениците велат дека многу од нив починале поради вдишување дим. Се верува дека меѓу мртвите има и жени и деца кои биле во посета на затворениците.

Во тек е истрага која треба да утврди што точно се случило.

Затворите во Венецуела се пренатрупани, а насилството и нередите со смртни последици на ова место не се реткост.

 

 

Scroll to Top