Во секс оргија учествувале 5.000 луѓе од цел свет во време на корона

Короната драстично го смени и животот и сексот  па секс онлајн стана начин на живеење за многумина ширум светот. Доказ за тоа е големата онлајн оргија на која учествувале 5.000 луѓе од целиот свет.

Истражувањата во Велика Британија покажуваат дека луѓето, и покрај сите лоши последици од пандемијата, се повеќе се расположени за секс, дури 39 проценти од паровите велат дека би сакале да пробаат нешто ново.

И излегува дека свингер-забавите се на врвот на листата на сексуални фантазии.

Бидејќи тие се моментално невозможни поради различни ограничувања, една компанија излезе со идеја да организира оргии „Зорги“ преку Зум.

И тие започнаа да заработуваат огромни пари затоа што интересот ги надмина сите очекувања.

Секоја недела се распродадени сите 5.000 билети кои чинат 30 евра.

Правилата се едноставни: камерата мора да биде вклучена во секое време, а две работи се строго забранети – нема снимање  и сите учесници мора да носат маски.

Исто така, пред почетокот на „групата“, секој потпишува договор за доверливост, но надвор од тоа, всушност, сè е дозволено и може да ја оставите вашата фантазија да работи.

Специјален тим од луѓе ја следи ситуацијата и дали сите ги почитуваат правилата.

„Дури и по 20 години брак, нашиот секс е одличен, а имавме секс и по пет пати неделно. Но, сакавме да пробаме нешто ново и веднаш ни се допадна идејата за виртуелна оргија “, признава Ди (41), домаќинка од Глазгов, која учествувала во овој необичен  перформанс со сопругот Сајмон.

Scroll to Top