Во скопската ЗОО пристигнаа нови шест пингвини

Во зоолошката градина во Скопје викендов пристигнаа шест нови пингвини од Русија. Новите пингвини се од видот хамболт. Во скопската зоолошка веќе има три пингвини, Скипер, Прајвет и Ковалски, кои имињата ги добија според ликовите од цртаниот филм „Мадагаскар“.

„Oд Русија пристигнаа и преостанатите шест пингвини од групата, три машки и три женски. Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје ЗОО кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски.

Пингвините се добро и супер се адаптираат. По пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште“, велат од Зоолошката.

Scroll to Top