Во Словенија ќе се постават 3-Д пешачки премини

Општинските власти во Словенија ќе постват иновативно дизајнирани пешачки премини кои создаваат илузија на тридимензионалност и на возачите им оставаат впечаток на физичка пречка во неколку градови. Најпрво 3-Д зебри ќе добие Велење, на улици каде има училишта, а следниот месец Птуј и Љубљана.

„Ние сме првата општина во Словенија која се придружи на иницијативата да се постават 3-Д зебри во мирни области. Убедени сме дека децата ќе бидат повидливи и побезбедни поради овие зебри. Во Словенија сè уште сме сведоци на сообраќајни несреќи во кои страдаат деца, стари лица, пешаци и велосипедисти“, изјави градоначалникот на Велење, Петер Дермол.

Првпат ваков вид зебри беа поставени во Исланд во 2017 година.

Scroll to Top