Во сообраќајка загина поранешниот претседател на Советот за радиодифузија

Загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија, во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу еден часот по полноќ во Скопје.

До несреќата дошло кога Стефановски со својот автомобил „рено меган“ движејќи се по булеварот Никола Карев, излетал од патот и удрил во рекламен билборд, по што веднаш бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“ каде што била констатирана смрт, пренесува „Вечер“.

Извршен е увид на местото на несреќата.

Scroll to Top