Во сообраќајна несреќа загина тапанарот Горан Јосифовски

Денес, во тешка сообракајна незгода загина тапанарот Горан Јосифовски од Битола.

Горан повеќе години беше член на битолската група „Екстра бенд“. Пред две години ја напушти и реши да му се посвети на семејството. Горан беше оженет и има две деца.

Неговите колеги и пријатели се простуваат од Јосифовски на социјалните мрежи.

Scroll to Top