Во Србија ќе биде прогласен Ден на жалост поради смртта на Ѓорѓе Балашевиќ

Во Србија, ќе биде прогласен ден на жалост, поради смртта на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, на денот на неговиот погреб.

Градските власти во Нови Сад ќе прогласат ден на жалост кога семејството Балашевиќ ќе објави кога ќе се изврши погребот. Денот на жалост исто така ќе биде на републичко ниво.

Претходно, во Нови Сад, знамињата беа спуштени на половина копје. Околу илјада граѓани, обожаватели на Ѓорѓе Балашевиќ, се собраа синоќа во 20 часот на плоштадот „Слобода“ во Нови Сад, во чест на легендарниот кантавтор.

Scroll to Top