Во Тулуз се гради првата Hyperloop траса во Европа

Во францускиот град Тулуз, Hyperloop Transportation Technologies започна да го гради првиот целосен супербрз транспортен систем.

Мрежата во југозападна Франција ќе биде долга 320 метри, а ќе биде направена за превоз на луѓе и стоки и мора да биде завршена до крајот на годината. Потоа, во 2019 година, ќе се направи втор дел во должина од еден километар.

Тулуз е четврти град по големина во Франција, а исто така е центар на неколку транспортни и авијациски гиганти, вклучувајќи го и „Еирбас“.

„Пред пет години, си поставивме задача да го решиме најактуелниот транспортен проблем: потребата за ефикасност, удобност и брзина. Денес правиме важен чекор кон постигнување на оваа цел“, велат од компанијата.

Основана во 2013 година, денес HyperloopTT има 800 инженери и се здружи со над 40 универзитети.

Scroll to Top