Во Вирџинија ќе се укинува смртната казна

Гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија, Ралф Нортум, потпиша законски акт за укинување на смртната казна во таа држава, пренесува „Асошиетед прес“.

Вирџинија е земја позната по долгата традиција на извршување на најтешките казни. Гувернерот Нортам ги посети осудениците на смрт во затворот Грисвил, каде го потпиша законскиот акт за укинување на смрттната казна, во држава која досега извршила најголем број егзекуции.

Од своите колонијални денови, па до денес, во Вирџинија се погубени речиси 1.400 осуденици, а со новиот закон, Вирџинија ќе стане 23. американска сојузна држава во која ќе биде укината најтешката казна.

Scroll to Top