Ракометарите на Вардар пристигнаа во Скопје. Голем број фанови ги дочкеаа на градскиот плоштад. Македонските херои беа дочекани од илјадници фанови на плоштадот.
Плоштадот во Скопје беше обоен во црвено-црно, а ракометарите пееја заедно со граѓаните. Автобусот со шампионите помина низ Триумфалната порта исто како и пред две години.
Илјадници граѓани со овации и громогласен аплауз ги пречекаа ракометарите на Вардар и го поздравија нивниот успех. Вардар по втор пат го освои најелитното ракометно натпреварување во светот.