Во зоолошка градина во Берлин се роди ретка црвена панда

Во зоолошка градина во Берлин пред три недели се родила ретка црвена панда, само неколку месеци откако нејзините родители биле донесени од Индија. Како што соопштија од градината, бебето е пронајдено на 6 јуни до неговата мајка и сега е големо колку морско прасе. Полот засега не е утврден и сѐ уште нема име.

Ова е десетта црвена панда што ќе се одгледува во берлинската Зоолошка градина како дел од меѓународна програма за заштита на загрозените видови.

Младенчето најверојатно ќе биде изнесено пред посетителите во септември.

Родителите на малата панда, мајката Шине (6) и таткото Џоел (5), доаѓаат од Зоолошкиот парк Дарџилинг на Малите Хималаи и добро се прилагодуваат во новата средина.

Природно живеалиште на црвената панда се Источните Хималаи во југозападна Кина.

Scroll to Top