Водачот на „Ноќни волци“ и најдобриот пријател на Путин го прослави 55 роденден

Александар Залдостанов Хирург, човекот кој е најзаслужен што претседателот на Руската федерација Владимир Путин, на 23 март 2011 година ја посети Маракана и го следеше мечот меѓу Црвена ѕвезда и Зенит, вчера наполни 55 години.

Александар Залдастанов, неофицијално е третиот човек на Русија, и е најдобар другар на Владимир Путин, христијанин, кој околу вратот го носи својот грб, осветен во сите манастири на Света Гора.

Српскиот градски менаџер Горан Весиќ, по тој повод ја искористи можноста и му честиташе роденден преку Фејсбук на својот пријател.

 

По образование тој е максилофацијален хирург, оттука му е и надимакот, а после определбата да се приклучи на мотоциклистите, овој човек со исклучителна харизма успеа хобито да го претвори во занимање и затоа денеска го живее своот сон. Основач е на најмасовниот светски мотоциклистички клуб „Ноќни волци“, кој брои преку 5000 членови, од сите делови на Руската федерација и поранешните советски Републики, меѓу кои и Србија, Македонија, Бугарија, Романија и други краеви од светот.

Бајк-шоуто во Севастополе и Новоросијска во 2011 година, го посвети на Србија, со објаснување дека е воодушевен и има голема почит кон српскиот народ, во кој нашол инспирација.

 

Scroll to Top