Водич како да патувате без пластика

Сезона е на годишни одмори и плажи, а факт е дека ни на најубавите плажи понекогаш не можеме да го избегнеме пластичниот отпад кој ја задушува природата, но и го уништува нашето уживање.

Поради тоа, Светскиот фонд за природа (WWF) објави мал водич за патување и насоки како да патувате без да користите пластика.

Користете стаклени шишиња или термос, не купувајте вода.

На патниците им се советува да користат стаклени шишиња или термос во кој би ја одржале водата што ја понеле од дома ладна за да не мора постојано да купуваат вода во пластични шишиња.

Носете со себе чинија и прибор за јадење во платнена торба.

На пат можете да понесете со себе повеќекратни чинии и прибор за јадење, и тоа во платнена торба наместо во пластични кеси. Се работи главно за прибор што се користи при кампување.

Барајте сместување и козметика со ознака за одржлив развој.

Доколку сакате во потполност да ја избегнете пластиката, тогаш морате да почнете да ја избегнувате и козметиката што содржи микропластика.

Кога избирате сместување, барајте го оној што има ознака за одржив развој, истакнува WWF во својот водич, а кога ќе дојдете до одредиштето, распрашајте се за квалитетот на водата од чешма.

Во некои места водата од чешма се вели дека не се пие, но тоа често не е вистина, напомнува WWF и додава дека е добро шишињата за вода да се полнат и на јавните чешми.

Избегнувајте храна на еднократни пластични чинии.

Исто така, се советува да ги избегнувате продавниците за брза храна, кои храната ја служат на еднократни чинии со пластичен прибор за јадење.

Кога и да можете, избегнувајте спакувани прехранбени производи.

Што се однесува до отпадот, не оставајте го онаму каде што би можел да заврши во море.

Scroll to Top