Војници на САД вежбаат одбрана од хемиски и нуклеарен напад

Припадниците на силите на САД и Јордан во заштитни одели спроведуваа денеска заеднички вежби во одбрана од хемиски, биолошки и нуклеарен напад.

Според сценариото на денешните вежби, хемиските, биолошки и нуклеарни супстанци, се откриени во симулирани шверцерски инцидент, пренесува агенцијата АП.

Мобилните лабораториски тимови ја надгледувале таа област, собирале примероци, а потоа ги деконтаминирале.

 

Овие вежби се дел од годинашните 12 дневни воени вежби под името „Нетрпелив лав (Eager Lion), во кои учествувале повеќе од 7000 војници, меѓу кои и 3500 припадници на вооружените сили на САД.

Вежбите се одржувале во близина на јорданскиот град Зарк, источно од престолнината Аман, а почнале пред недела дена, ден откако САД, Франција и Британија ги лансираа ракетите врз сириските воени цели како одговор на наводниот хемиски напад во близина на Дамаск.

Јордан, инаку е близок сојузник на САД во регионот, напоменува американската агенција.

Scroll to Top