Фолксваген го претстави новиот „туарег“

Со конективност од новата ера и пионерска фузија на системи за асистирање, удобност, осветлување и инфозабавни системи, новиот „туарег“ (Volkswagen Touareg) е подготвен за пат кон иднината. Најголемите пазари за третата генерација на „туарег“ се Кина, Европа и Русија, а светската продажба на претходните две генерации изнесува речиси еден милион единици.

Премиера на Innovision Cockpit – „Фолксваген“ за првпат во новиот „туарег“ го претставува целосно дигитализираниот Innovision Cockpit. Овде дигиталните инструменти (дигитален кокпит со 12-инчен дисплеј) и врвниот инфозабавен систем Discover Premium (со 15-инчен дисплеј) се спојуваат за да формираат дигитална оперативна, информативна, комуникациска и забавна единица која едвај има потреба од конвенционални копчиња или прекинувачи. Нудејќи интуитивна контрола и максимална персонализација, со Inovision Cockpit, „туарег“ денес нуди футуристичкиот дигитален ентериер.

Фокус кон луѓето – Возачите го користат Inovision Cockpit за да ги прилагодат системите за помош, ракување и комфор кон нивните индивидуални желби и потреби, со што автомобилот станува личен „туарег“. Ова отвора свет во кој возачот и патниците повеќе не мора да се прилагодуваат на автомобилот, туку автомобилот се прилагодува кон нив. Како нов паметен телефон, „туарег“ е поставен и подесен на лични потреби. Ова е овозможено со нови високософистицирани поврзани системи и програми – контролирани преку дигиталниот интерфејс и мултифункционалениот волан.

Фузија на нови системи за помош, ракување и комфор – „Туарег“ започнува со најголемиот спектар на системи за помош, ракување и удобност, некогаш интегрирани во автомобил на „Фолксваген“. Системот за помош при ноќно возење Night vision кој детектира луѓе и животни во темнина преку термичката камера и системот за помош при вкрстен сообраќај со активно управување со сите тркала, претставуваат само дел од технологијата интегрирана во ова возило.

Нови димензии и намалена тежина – Во споредба со својот претходник, третата генерација на „туарег“ е умерено поширока и подолга. Новите димензии имаат позитивни ефекти врз пропорциите на возилото и во неговата внатрешност. Додадената надворешна должина води, на пример, до значително зголемување на капацитетот на багажот, од 697 до 810 литри. И покрај зголемената должина и ширина, новиот „туарег“ е за 106 килограми полесен, поради својата мешана материјална конструкција од алуминиум (48 проценти) и високотехнолошки челици (52 проценти).

На стартот V6 мотори, подоцна достапен и како plug-in хибрид – Во Европа, „Фолксваген“ првично ќе понуди два дизел-мотора V6 за новиот „туарег“ 2018 со излези од 170 kW / 231 КС и 210 kW / 286 КС. На голем број пазари, ова ќе биде проследено со бензински мотор V6 (250 kW / 340 КС) и турбодизел V8 (310 kW / 421 КС). Подготвен е и нов plug-in хибриден погон (270 kW / 367 КС) кој ќе биде достапен подоцна во годината.

Scroll to Top