Група мажи вооружени до заби и без никави ознаки на себе, патролираат околу Белата куќа и го чуваат американскиот претседател од можни насилни демонстрации и неодговорни демонстранти.
Голем број на луѓе се собраа околу Белата куќа, за да протестираат против убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. На социјалните мрежи се појавија сега фотографии од групата мажи, без идентификациони значки и кои ниту на граѓаните, ниту на новинарите не сакаа да им одговорат за која државна агенција работат.
5PM WHITE HOUSE — These are the unidentified DOJ officers holding the perimeter at 15th and H Streets.
They won’t tell the public to whom they report exactly…
It’s generating HUGE frustration here #GeorgeFloyd @WUSA9 pic.twitter.com/GOSbeyplLb— Mike Valerio (@MikevWUSA) June 3, 2020
Поединци напишале дека наликуваат на платеници, а не на вработени во владата. Еден Американец изјавил дека се чувствува како главниот град на САД да е под некаков вид на воена окупација.
Во медиумите се шпекулира дека станува збор за луѓе од одделението за правда. Се шпекулира дека некои од нив се затворски полицајци, кои од Федералното биро за затворска служба ги испратиле на барање на генералниот обвинител Вилијам Бар.
Completely unmarked officers in riot gear holding protesters blocks away from the White House. No badges. No insignias. No name tags. Nothing. Refused to tell us who they’re with. #DCprotest #DCprotests pic.twitter.com/c4lFFCsX48
— Ben Davis (@bdaviskc) June 4, 2020
Во изјавата е наведено дека службениците се неозначени, затоа што служат во поширока мисија. Демонстрантите кои протестираат поради полициска бруталност, се загрижени дека ако било кој од неозначените полицајци повреди некого или стори некакво кривично дело, нема да постои начин истиот да биде идентификуван.