Возач на Итна помош сексуално злоупотребил пациентка додека ја носел во болница

Полицијата во Сурдулица, место во Србија, уапсила возач на Итна помош кој сексуално злоупотребил пациентка додека ја возел во Болница.

Според обвинителот на Основното јавно обвинителство во Владичин Хан, Драгана Николиќ, пријавено е дека возачот за време на возењето полово ја нападнал пациентката и ја вознемирувал додека ја носел на дијализа во Здравствениот центар во Врање.

Откако го одбила тој ѝ се извинил за тоа што го правел. Но и покрај извинувањето, таа уплакана и вознемирена им пренела на лекарите што ѝ се случило. Дежурниот лекар веднаш го пријавил случајот во полиција.

Според Николиќ, обвинителството наредило собирање на информации, по што случајот ќе се квалификува како евентуално кривично дело.

 

Scroll to Top