Акробатот Педро Аунион Монрој загина ноќта во моментите кога паѓаше од голема висина на фестивал на рок музика во Шпанија, соопштија организаторите на тој настан.
Монрој (42) испадна од кутијата која висеше во воздух на 30 метри висина и набрзо загина, објави британски Телеграф.
Организаторите на Мед кул (Mad Cool) фестивалот одлучија да потоа не го откажат настапот на американската рок група Грин деј (Green day), чии членови по излегувањето на бината, очигледно не знаеја дека несреќата се случила.
По настапот на бендот Грин деј, организаторите на фестивалот наведоа дека „жалат поради страшната несреќа“, и дека „од безбедносни причини“, одлучија да не го откажат настапот на групата.