„Врба“ на Манчевски ќе ја освојува публиката во Софија и Тирана

„Врба“ на Милчо Манчевски го отвори годинашниот Интернационален филмски фестивал во Софија. На режисерот Манчевски кој присуствуваше на отворањето му беше врачена Специјалната награда за придонес кон светската кинематографија.

Фестивалот организираше изведба на песна од Пиринска Македонија. Овој фестивал е еден од најголемите и најзначајните во поширокиот регион и досега бил домаќин на голем број значајни филмски имиња од Европа и од светот.

Фестивалот ќе трае до 15 октомври и се одржува со запазување на мерките и протоколите пропишани за заштита од коронавирусот.

Истовремено додека во Софија го отвараше, „Врба“ во Тирана се затвораше годишното издание на Интернационалниот филмски фестивал. Филмот предизвика огромeн интерес кај албанската публика, која според реакциите, го доживеа многу интимно и емотивно.

Ова беше многу успешна недела за „Врба“, покрај фестивалите во Софија и Тирана, избран е во селекцијата за престижната награда за најдобар филм на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како Европски Оскар, а доби и две номинации (за најдобар игран филм и за најдобар режисер) на еден од најголемите фестивали за независен филм Рејнденс во Лондон.

Scroll to Top