Времето денеска студено со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопштија од УХМР.

Во Скопје времето исто така ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд, со температура до 18 степени.

Во наредните денови времето ќе биде променливо и постудено со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег, особено в среда. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Scroll to Top