Вселената мириса на скара

Месечината мириса на автомобилска трка – комбинација на мирис од жежок метал, согорен дизел и чад од скара, а извор на тој мирис се ѕвездите што изумираат, тврдат научниците. Овие молекули се распространети во целата вселена, тврди Луис Аламандол, основач и директор на лабораторијата за астрофизика и астрохемија во истражувачкиот центар на НАСА, „Амес“.

Иако луѓето не можат да дишаат во вселената за да го почувствуваат чистиот мирис (бидејќи се работи за вакуум), кога космонаутите излегуваат од Меѓународната вселенска станица на прошетка, овие честички паѓаат на нивната опрема, каде што се задржуваат. По вселенската прошетка, космонаутите пријавуваат мирис на изгорен стек.

Мирисот бил толку изразен што НАСА побарала од Стивен Пирс од компанијата што се занимава со производство на мириси „Омега ингредијентс“ да обезбеди мирис за тренажна симулација на космонаутите.

„Неодамна го направивме мирисот на Месечината, а коснонаутите го споредуваат со барут“, вели Пирс.

Во мрачните делови на вселената молекуларни облаци полни со честички ситна прашина имаат цела палета мириси – од сладок шеќер до сулфурест мирис на расипани јајца.

Scroll to Top