За аџилак во Мека потребен е доказ за вакцинација

Министерството за здравство на Саудиска Арабија соопшти дека муслиманите што сакаат да извршат аџилак годинава ќе треба да докажат дека се вакцинирани против Ковид-19.

Владата во Ријад истакна дека вакцинацијата против коронавирусот ќе се смета за главен услов за учество на аџилакот во Мека, а кој сите муслимани што можат треба да го направат еднаш во животот.

Во соопштението не се прецизира дали оваа година ќе учествуваат само аџии од Саудиска Арабија.

Лани само мал број аџии од таму добија дозвола да ја посетат Мека.

Годинава, петдневниот аџилак почнува во јули.

Scroll to Top