За добар сон потребни ви се седум часа спиење

By

Доктор по медицинска наука од Универзитетот во Сиднеј, Кармел Харингтон, објасни зошто по осум часови сон многумина се чувствуваат заморно и поспано.

Некои среќни лица по солидните осум часа сон секоја ноќ  се чувствуваат освежени.

Но, многумина постојано се будат со чувство на исцрпеност, дури и откако направиле сè „како што треба“, или барем така мислат.

Според австралискиот експерт за сон, доктор Кармел Харингтон,  луѓето прават грешка што предизвикува луѓето да не можат да се наспијат.

„Повеќето луѓе не знаат дека времето во кое наутро се будат влијае на времето кога ќе заспијат таа ноќ“, вели таа.

„Кога ќе го видиме светлото во утринските часови нашиот мозок го исклучува производството на мелатонин, и тоа исклучување всушност го прилагодува нашиот 24-часовен телесен часовник.

Проблемот со ова е што исфрлањето на нашето тело од дневниот ритам има сериозни нуспојави.

Ако не го ресетирате вашиот биолошки часовник во регулирано време секое утро, не само што тоа ќе има влијание на секој ваш сон туку исто така и на вашите вештини и мотивација.

Константата е тајната на добриот сон, и мораме да имаме стриктно време кога ќе одиме на спиење и кога ќе се будиме.

„И двете работи се многу важни затоа што ја одредуваат вкупната количина сон“, изјавил Харингтон, пишува „Дејли мејл“.

„Но, како што нашето време на будење влијае на времето кога одиме на спиење, редовното време на будење веројатно е уште поважно. Од таа причина се препорачува вашето време на будење да не се разликува за повеќе од еден час. За да се осигурате дека имате добра рутина на сон,  потребно е да имате доволно сон, но различни луѓе имаат различна количина сон.

„Дејли мејл“ разговарал со  доктор Еми Ренолдс за важноста од квалитетен сон во различните фази од животот.

„Формите на спиење сигурно се менуваат со време. Тоа што не се менува е пресудната потреба за рутина и добра ‘хигиена на сон’, како што можеме да го наречеме тоа“, изјави Рејнолдс.

Постојаното користење телефон и интернет може да ја спречи способноста на нашето тело да добие добро ниво на квалитетен сон, така што важно е да се исклучат сите електрични уреди еден час пред да влеземе во длабок сон.

Според порталот „Сеили“, анкетата покажала дека 70% од Американците сметаат дека нивните секојдневни перформанси се под влијание на недостиг на сон.

„Луѓето  на возраст од 18 до 25 години кои студираат или работат по правило треба да имаат меѓу седум до девет часа сон во текот на ноќта“, објаснува Рејнолдс.

Исто така треба да се усогласи рутината на време за спиење за мајките со рутината на спиење на нивните мали деца.

„Жените на возраст меѓу 20 до 60 години треба да имаат седум до девет часа сон во текот на ноќта. Обидете се сите во семејството да одите на спиење во разумние часови, да ги четкате забите заедно и да им читате на децата приказни за добра ноќ“, изјави доктор Рејнолдс.

 

Ќе ви се допадне